More

    Први фотографии од неделните служби на Канје Вест

    spot_img

    Канје Вести ги покрена своите неделни услуги во 2019 година, но сè уште не е познато што точно се случува на неговите мистериозни собири на кои присуствуваа бројни холивудски ѕвезди. Многумина се прашуваат дали раперот се обидува да основа своја црква, култ или нешто трето.

    „Вариети“ ги опиша неделните служби на Вест како најпрестижниот настан на кој многу познати личности бараат покана, а во текот на првите месеци собирите се одржуваа на различни локации – вклучувајќи го неговото домашно студио во Калабасас, шума во Лос Анџелес и седиштето на „Адидас“ во Портланд.

    „Не сака често да останува на истото место бидејќи луѓето би можеле да сфатат каде е“, објасни еден сведок за „ЏејКју“ во април 2019 година.

    На почетокот, неделната служба повеќе личеше на концерт отколку на религиозна проповед. Тој и избраниот госпел хор приредија духовни изведби на неговите најголеми хитови на елитна група пријатели и членови на семејството.

    Еднаш новинарите побараа од раперот да открие некои детали, а тој потоа ги опиша своите собири како можност луѓето да се соберат и да се чувствуваат добро. Призна и дека на нив троши 50 милиони долари годишно.

    Неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан ги опиша собирите како исцелително искуство кое се базира помалку на проповедање, а повеќе на музика.

    Последнава година членовите на госпел хорот на богослужбата во недела носат сѐ почудна облека, а минатата недела Канје ги замоли членовите на хорот да носат бели фустани кои наликуваат на облеката што главните протагонисти ја носеа во серијата „Приказната на слугинката“.

    На фотографиите кои беа објавени внимание привлече и храната која се сервира на метални носилки.

    „ЏејКју“ пред неколку месеци објави дека Канје издал правилни на облекување за неговиот госпел хор и дека дури ќе им обезбеди на членовите бесплатна облека за да биде сигурен дека изгледаат како што треба, односно како што тој сака.

    „Сите членови на хорот носат униформа. Обично облека која е комбинација од маица со кратки ракави и хорска наметка, плус патики и панталони од брендот на Канје „Yeezy“.  Облеката и чевлите ги добиваат бесплатно неколку дена пред или на денот на службата. Облеката е обично бела, но онаа на Канје се црни, беж или графитни нијанси“, вели еден анонимен извор.

     

    ФОТО: Твитер

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img