Background

Првата трансплантација на мочен меур во светот извршена во САД

Хирурзи во Соединетите Американски Држави успешно ја извршија првата трансплантација на мочен меур кај луѓе, соопшти болница во Лос Анџелес каде што постапката беше извршена на почетокот на мај. Ова е прва трансплантација од ваков вид во светот, што би можела да биде пресвртница за пациенти со сериозни заболувања на мочниот меур.

Процедурата била извршена кај 41-годишниот Оскар Лараинзар, кој бил на дијализа седум години. На таткото на четири деца му е отстранет голем дел од мочниот меур поради рак пред неколку години, а потоа му се отстранети и двата бубрега, објави болницата во недела.

Лареинзар успешно беше подложен на трансплантација на мочен меур и бубрег од истиот донор за време на приближно осумчасовна операција извршена на 4 мај во Медицинскиот центар „Роналд Реган“ на UCLA во Лос Анџелес. „Хирурзите прво го трансплантираа бубрегот, а потоа мочниот меур. Потоа го поврзаа бубрегот со новиот мочен меур користејќи техника што самите ја развија“, додадоа тие во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Нима Насири, еден од хирурзите вклучени во оваа историска трансплантација, рече дека процедурата дала позитивни резултати речиси веднаш. „Бубрегот веднаш произведе голема количина урина и функцијата на бубрезите на пациентот веднаш се подобри“, рече тој. „По операцијата, дијализата не беше потребна и урината течеше правилно во новиот мочен меур“, додаде тој, според француската новинска агенција АФП.

Насири и неговиот колега Индербир Гил објаснија дека трансплантацијата на цел мочен меур не била извршена претходно поради сложената васкуларна структура на карлицата, што ја прави технички тешка процедура. Пациентите на кои им била потребна реконструкција на мочниот меур добиле вештачки мочен меур создаден од дел од цревото или им била вметната остомска кеса за собирање урина.

Овие процедури се ефикасни, но тие исто така носат краткорочни и долгорочни ризици за кои лекарите сега се надеваат дека можат да се избегнат со трансплантација на цел мочен меур, рече Насири.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation