More

    Првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе се одржи денеска во Брисел

    spot_img

    Првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе се одржи денеска во Брисел. Со оваа конференција, по 17 години чекање, земјава официјално ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ.

    Владина делегација ја предводи премиерот Димитар Ковачевски кој изјавата на отворањето на конференцијата ќе ја прочита на македонски јазик.

    Владата соопшти дека конференцијата ќе започне во 9.30 часот.

    Во состав на владината делегација меѓу останатите се и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министрите за надворешни и за внатрешни работи Бујар Османи и Оливер Спасовски.

    Пред одржувањето на Меѓувладина конференција, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Одржувањето на Меѓувладина конференција следи откако синоќа земјите членки на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија и решија официјално да ги поканат двете земји денеска да ги започнат меѓувладини конференции.

     

    На оваа прва Меѓувладина конференција ќе биде усвоена Преговарачката рамка за членство на земјава во ЕУ со што започнува процесот на скриниг, по чие завршување и по промената на Преамбулата и на Амандманот 12 на Уставот, по автоматизам се одржува втората Меѓувалдина конференција, по која почнува процесот на преговори по кластери и поглавја. Со измените на Уставот во делот каде што се наведени „албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ…“ ќе треба да се додадат и граѓани кои се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ.

    Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за старт на преговорите, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на Фронтекс, кој ќе биде потпишан на македонски јазик.

    Одржувањето на првата меѓувладина седница на РСМ и ЕУ беше овозможено со прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ од 30 јуни 2022 година, од страна на Влада во саботата, откако претходно истиот ден Собранието усвови заклучоци по Информацијата за предлог-преговарачката рамка. Со заклучоците Собранието ја задолжи Владата да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img