Првачињата ќе почнат да учат од креативни книшки наместо од учебници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски.

За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите,  согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование.

Учебниците според новите наставни програми се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. МОН уверува дека не се работи за скрипти, туку материјали кои се квалитетни и креативни и учениците ги добиваат бесплатно.

Министерот Јетон Шаќири вчера на прес-конференција истакна дека МОН е многу поподготвено од претходните години зашто на првиот училишен ден ќе има за сите ученици – материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија во основното и за средното образование.

Наставниците, пак, со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование

По две учебни години во кои организацијата на наставата беше условена од епидемиолошката состојба со ковид-19, образовниот систем во оваа учебна година ќе биде пред предизвикот за справување со енергетската криза.

Share This Article