Во Турција е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска министерот за здравство Фахретин Коџа.
Според него, пациентот има 37 години и има нарушен имунолошки систем.
Коџа на Твитер изјави дека пациентот е во изолација, како и дека други случаи не се идентификувани.
Тој потсети дека оваа болест не се пренесува по воздушен пат, туку со близок физички контакт.