Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата.
Притоа обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено 7 години.
Она што останува да се надополни е во основното образование каде ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.
Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец.