Проценка на украинскиот претседател Зеленски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кина не треба да ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина, a ако Пекинг тоа го направи ќе предизвика светска војна – вели украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното интервју за „Велт“.

Коментарите на Зеленски уследија откако Кина рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања. Претходно, во текот на викендот, највисокиот американски дипломат го предупреди својот кинески колега да не испорачува оружје на Русија за потребите на нејзината војна против Украина.

– За нас е важно Кина да не ја поддржува Руската Федерација во оваа војна. Всушност, би сакал таа да е на наша страна. Меѓутоа, во моментов не мислам дека тоа е можно. Сепак, гледам можност Кина да направи прагматична проценка на она што се случува овде. Затоа што ако Кина влезе во сојуз со Русија, ќе има светска војна и мислам дека Кина го сфаќа тоа – рече украинскиот претседател.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата го предупреди највисокиот кинески дипломат Ванг Ји за последиците доколку Кина обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина. Во интервју по нивниот состанок Блинкен рече дека Вашингтон е загрижен дека Пекинг размислува за испорака на оружје за Москва.

Зеленски уште изјави дека Украина и дала на молдавската претседателка Маја Санду разузнавачки информации дека Русија планира државен удар во Молдавија.

– Маја Санду никогаш не ме праша за помош, но ми се заблагодари за информацијата. Таа е целосно свесна за нашата ситуација. Украина секогаш ќе биде подготвена да и помогне на Молдавија – рече Зеленски за германското издание.

Кремљ денеска објави дека односите на Русија со Молдавија се многу затегнати и ги обвини молдавските лидери дека спроведуваат антируска агенда. Тоа се случи една недела откако Кишињев соопшти дека спречил руски обид за пуч.

Share This Article