Противници на Кремљ ја презедоа одговорноста за нападот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гувернерот на руската област Белгород утринава изјави дека во тој регион е во тек „антитерористичка операција“, како и дека Министерството за одбрана и безбедносните служби  ја „чистат“ територијата на границата со Украина. Во текот на ноќта имаше напади со беспилотни летала, за кои постои сомневање дека се руски партизани кои се против Кремљ.

-Апелирам до граѓаните на областа Грејворон, кои привремено ги напуштија своите домови: враќањето сè уште не е можно – додаде тој.

Гладков рече дека една жена била убиена за време на синоќешната евакуација, а две лица наводно биле ранети, но руските сили не можеле да стигнат до нив.

Гувернерот објави дека Белгород во текот на ноќта бил нападнат со беспилотни летала. Во серијата објави на Телеграма доцна вчера и рано утринава, Гладков рече дека две куќи биле погодени со беспилотни летала во градот Гриворон – местото на претходниот напад за кој одговорноста ја преземаа проукраински руски доброволци.

Групите наречени „Легија на слободата на Русија“ и „Рускиот волонтерски корпус“ ја презедоа одговорноста за нападот. Градот Гриворон и соседните села биле подложени на минофрлачки оган од Украина, а потоа група саботери влегла во областа.

Во моментов на тој простор се уште се водат борби, а руските сили работат на сузбивање на диверзантите во, како што беше речено, „контратерористичка операција“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил информиран и дека се работи на протерување на „саботерите“, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.

Руските сили во текот на месецов се судрија со партизаните на најмалку три локации во Белгород, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Помеѓу 19 и 22 мај 2023 година, руските безбедносни сили најверојатно се судрија со партизаните на најмалку три локации во рускиот регион Белгород, во близина на украинската граница. Идентитетот на партизаните останува непотврден, но руските антирежимски групи ја презедоа одговорноста“, објавија тие.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article