More

    Против Трамп е покренато ново обвинение

    spot_img

    Американските обвинители поднесоа нови обвиненија против поранешниот претседател Доналд Трамп поради неговите наводни обиди да се меша во изборите во 2020 година, откако загуби од Џо Бајден. Всушност, станува збор за ревидирано обвинение кое претходно беше отфрлено, односно одговор на минатомесечната одлука на Врховниот суд на САД, според која претседателите се заштитени со имунитет и не можат да бидат кривично гонети додека се на функција.Ревидираното обвинение ги содржи истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички кандидат, а не на претседател. Трамп ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, иако остана на своето тврдење дека имало фалсификат на изборите во 2020 година, пишува Би-би-си.

    Според новиот, или ревидираниот обвинителен акт, поднесен од специјалниот обвинител на Министерството за правда, Џек Смит, Трамп се товари за заговор против САД, заговор за попречување на службената постапка, обид за попречување на службената постапка и заговор за кршење на закон. Трамп на својата социјална мрежа Truth Social рече дека новото обвинение е рестартирање на неуспешниот лов на вештерки.

    Во новиот документ, кој беше намален од 45 на 36 страници, обвинителите ги променија условите на обвинението за да се усогласат со одлуката на Врховниот суд за претседателскиот имунитет. Во обвинението се наведува дека Трамп се однесувал како граѓанин, а не како претседател, кога се обидел да влијае на изборите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img