Против Мерко се води селективна правда или злоупотреба од негова страна!??

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судот подигна кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, за именување на директор без почитување на критериумите утврдени со закон. Овој потег предизвика голема загриженост во јавноста и доведе до интервенција од страна на Министерството за образование, со одземање на ингеренциите од страна на Министерката.

По преземањето на надлежностите од општината за именување директори, Министерството за образование, лично Министерката по само два месеца, именуваше повеќе директори кој, според извештаите, исто така не ги исполнува неопходните услови за оваа позиција, односно без цертификат за англиски јазик и без положен директорски испит, Овој потег предизвика сомнежи за недостаток на меритократија и за начинот на кој се реализираат именувањата во јавните институции, и дали сега обвинителството ќе покрене кривична пријава против министерката за образование или ќе ги повлече кривичните пријави против градпначалникот, дали е ова политичка одлука или селективна правда!

Имено за именување на директор во селото Подгорци градоначалникот Мерко доби кривична пријава за злоупотреба при именување на директор, во истото училиште министерката наредниот ден после одземањето на ингеренциите постави лице за директор спротивно на закон и не само тоа, туку и после носењето ма одлука од страна на училишниот одбор на школото за распишување на директор, министерката спротивно на закон не постапува по конкурсот и одлуката на училишниот одбор туку повторно спротивно на законот именува лице кое не исполнува никакви законски услови!
Настанот предизвика многу дискусии на социјалните мрежи и во медиумите, каде граѓаните го изразуваат своето разочарување и бараат одговорност од надлежните институции. Создадената ситуација ја нагласува потребата од почитување на правилата и законските критериуми во процесите на именувања, како и од поголема транспарентност во јавната администрација.

Share This Article