Каталонија ќе обезбеди бесплатни менструални чаши, менструални панталони и влошки за повеќекратна употреба во аптеките за борба против таканаречената „менструална сиромаштија“.
Овие производи треба да станат достапни во првиот квартал на 2024 година и ќе ги користат околу 2,5 милиони девојки, жени и луѓе кои се идентификуваат како небинарни или трансродови кои имаат менструација, соопшти регионалната влада, објави Ројтерс.
Како што се наведува во соопштението, сиромаштијата во циклусот, што подразбира ограничен пристап до производи за собирање менструална крв, често поради нивната цена, недостаток на капацитети за перење и образование, може да доведе до пропуштање на училиште или работа и го зголемува ризикот од инфекција и синдром на токсичен шок.