Против Бугарија ќе играме без капитенот и без еден напаѓач

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревара од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул),  исто така нема да можат да се стават на располагање.

Подоцна во текот на денот ќе бидат соопштени имињата на фудбалерите кои ќе добијат дополнителен повик во репрезентацијата.

„Црвено-жолтите” попладне (17:30 часот) на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го имаат првиот тренинг од подготовките. 

Share This Article