Против аерозагадувањето ВМРО-ДПМНЕ најавува големи системски мерки

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Загадувањето на воздухот е голем и комплексен проблем за чие решавање се потребни големи комплексни мерки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија ја обвини опозицијата дека ништо не направила за квалитетот на воздухот додека беше на власт.

„Седум години СДСМ на власт системски ја уништуваше државата. Нема поле и област во кои направиле нешто корисно за општото добро на сите во нивното седумгодишно владеење. Така и за проблемот со загадениот воздух со кој се соочува Македонија, а посебно главниот град Скопје. Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера и за кој може да се изнајдат инстант решенија кои магично ќе го прочистат. Тоа е комплексен проблем кој бара системски и долгорочен пристап, со конкретни мерки и проекти и поголеми вложувања во животната средина. Но, состојбата е таква каква што е затоа што СДСМ седум години на власт ништо не направија во овој поглед. Освен што на предизборните митинзи, после кои и ја преземаа власта, викаа на цел глас „ајро, ајро, нема воздух“ и ветуваа чист воздух за македонските граѓани, седум години  со прст не мрднаа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За седумгодишното владеење, се додава во соопштението, единствена мерка што СДСМ ја преземаше против загадениот воздух е тоа што на македонските граѓани, особено на скопјани, им делеше совети да не проветруваат и да не ги отвораат прозорците од домовите.

„Решавањето на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух бара системското делување и големи вложувања во заштита на животната средина, кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување. ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и тоа се гледа во практикувањето на власта, затоа ќе преземе големи системски мерки и ќе спроведе детален план кој ќе резултира со намалување на загаденоста на воздухот и здрава животна средина“, најави ВМРО-ДПМНЕ.

Главен столб во тој план, додава партијата, е стратешка инвестиција во гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, а во исто време ќе произведува електрична енергија која ќе се користи во стопанството.

„За таа намена, Владата ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат и забрзаат изградбата на централата. Не сме сите исти, тоа се гледа и во пристапот на решавањето на најгорливите проблеми. Промените веќе се случуваат и за период од околу еден и пол година власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се почувствуваат резултатите со почиста животна средина и почист воздух“, смета партијата.

Share This Article