Протестот за железничката несреќа заврши тензично

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со инциденти и судири меѓу полицијата и групи маскирани лица заврши масовниот протест во центарот на Атина, организиран поради железничката несреќа кај Темпи во која 57 лица го загубија животот.

Инцидентите започнаа пред грчкиот Парламент и се проширија низ улиците околу плоштадот Синтагма.

Маскираните лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва и други предмети, а специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец.

Паралелно со инцидентите, непознати лица предизвикаа материјална штета на продавници,  автобуски постројки, а запалија и едно комбе.

Денешниот протест беше еден од помасовните во Атина во изминатите години, со учество на десетици илјади демонстранти кои излегоа и за да го изразат нивиот бес за железничката несреќа, но и да им оддадат почит на загинатите.

Протести поради несреќата, освен во Атина се одржаа во уште над 70 градови во цела Грција.

Share This Article