More

    Протестите носат колап во Германија – Продавниците може да останат со празни полици, граѓаните предупредени да се подготват

    spot_img

    Протестите на фармерите во Берлин и Бранденбург може да предизвикаат колапс во Германија и носат загриженост кај потрошувачите, бидејќи трговското здружение најави празни полици. Според германските медиуми, протестите би можеле да имаат директно влијание врз залихите во супермаркетите.

    Генералниот директор на трговската асоцијација Берлин-Бранденбург изрази загриженост за можен недостиг на стоки. Тој предупреди дека многу продавници во Берлин веќе нема да можат да добиваат роба утре, пишува списанието Феникс.
    Тој нагласи дека празните полици во супермаркетите би можеле да бидат неизбежни доколку ситуацијата брзо не се промени. Причина за можниот недостиг на стоки се протестите на фармерите во Гросберен, на околу 20 километри јужно од Берлин.
    Германските медиуми известуваат дека земјоделците ги блокирале пристапните патишта до главниот магацин кој снабдува многу продавници во регионот. Интересно е што Здружението на фармери од Бранденбург се огради од овој инцидент. Портпаролката на здружението објасни дека се работи за спонтан чин на индивидуален бизнис и дека здружението официјално не го поддржува.
    Трговското здружение е многу загрижено поради зголемените некоординирани блокади. Се повикува на доследна акција на здруженијата на земјоделците и полицијата.

    „Ова не само што го загрозува снабдувањето оваа недела, туку може да доведе до повторени блокади и значително да ја оштети трговијата – тоа е речиси како анархија“ – велат трговците.

    Полицијата потврдува дека Бранденбург во моментов е центар на протестите на фармерите. Влезовите на автопатот се блокирани, а градовите како Бранденбург ан дер Хавел и Котбус се под барикади. Решението на овој конфликт сѐ уште не е на повидок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img