More

    Протестите направија пустош во Париз

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го свика вториот кризен состанок за два дена, откако избија масовни немири ширум земјата. Состанокот ќе се одржи во време кога десничарските и крајнодесничарските политичари бараат прогласување вонредна состојба.

    Вонредната состојба им дава посебни овластувања на властите кога се смета дека институциите во земјата се „под закана“. Ова и овозможува на владата да воведе полициски час, да забрани собири и јавни настани.

    Размерите на уништување забележани ширум Франција утринава веројатно ќе ги поттикнат повиците за вонредна состојба. Потпретседателот на Сенатот Роџер Каручи веќе објави на Твитер дека непрогласувањето вонредна состојба би било „грешка“.

    Вонредна состојба беше прогласена од претседателот Жак Ширак за време на немирите во предградијата во 2005 година. Тоа беше првпат мерката да биде објавена по 50 години.

    Десет години подоцна, француската влада прогласи вонредна состојба по терористичките напади во Париз во 2015 година. Мерката траеше две години. Вчера неколку владини министри изјавија дека не се размислува за вонредна состојба, но во меѓувреме се засили интензитетот на протестите.

    Дванаесет автобуси беа оштетени во предградијата на Париз кога во текот на ноќта беше нападнато складиште за автобуси во Обервилие. Градската транспортна компанија РАТП објави на Твитер дека „најостро го осудува овој напад врз имот што е клучен за функционирањето на јавниот сервис“.

    Тие ги предупредија своите патници дека автобуските и трамвајските услуги ќе бидат „сериозно нарушени“.

    Своето незадоволство на Твитер го изрази и министерот за транспорт Клеман Бон: „Нападот врз транспортниот систем значи напад врз најслабите на кои им се потребни нашите јавни услуги“.

    Немирите во Франција започнаа во вторникот, откако полицаец уби 17-годишен тинејџер од алжирско-мароканско потекло, Нахел М, кој се обидел да се оддалечи кога бил запрен од полицијата. Полицаецот кој пукал во момчето, подоцна му се извини на семејството. Тој е обвинет за убиство, а неговиот адвокат тврди дека е „уништен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img