Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Сараево на собир за поддршка на Палестина, во организација на палестинската заедница во Босна и Херцеговина.
На платото пред зградата на сараевскиот Совет собраните носеа знамиња на Палестина, тренспаренти на кои беа истакнати изрази за поддршка на Палестинците и осуда на насилствата во Појасот Газа, вклучитено и навреди на адреса на Израел кој е споредуван со нацистите.
Меѓу учесниците на соборите се појави и сараевската градоначалничка Бенјамина Кариќ којашто изјви дека со овој собир се вбројуваат на вистинската страна на историјата.
– Ние најдобро знаеме како е да се нема вода, храна и кога децата гинат. Сараево како град беше под најдолгата опсада во модерната историја – изјави Каријќ, додавајќи дека Сараево е за мир и се солидаризира со сите невини жртви на светот.
Другите говорници повикуваа на „Слобода за Палестина“, бараа моментално запирање на нападите врз Појасот Газа, како и доставување на помош за загрозените цивили во палестинските територии.
Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации.
Според организаторите на протестот на него учествувале околу 25.000 лица, а според белгиската полиција околу 12.000 луѓе.
Учесниците на протестот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестинците и за прекин на „масакрите во Газа“, но и пораки дека „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Капитализмот е вистинската бомба“.
Организаторите на собирот ја повикаа Европската Унија да направи сè што е во нејзина моќ да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа, како и да се заштити целото цивилно население и да му се овозможи пристап до меѓународна помош.
Фото: МИА