Протест на вработените во УЈП

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вработените во Управата за јавни приходи денеска од 11 часот пред Министерството за финансии ќе одржат протест на кој ќе го изразат своето незадоволство од работата на министерот Фатмир Бесими кој не даде согласност за новиот Колективен договор на Управата за јавни приходи.

Според синдикалната организација во УЈП, во новиот Колективен договор утврдено е зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети кои се потврдени и во Собранието со давање автентично толкување.

„Министерството за финансии имаше забелешки на договорот за наводни финансиски импликации по буџетот на Македонија по што се изготви содржина на колективниот договор прифатлива за сите. Но до ден денеска, од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот не е добиена, а вработените во управата не можат да го остварат своето право на повисоки плати. Затоа решивме да го одржиме денешниот протест“, информираат од синдикатот.

За 14 години платите на вработените во УЈП се корегирани само за 5%, а во последните 4 години ниту еден денар.

„Ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, условени од неисполнување на работните задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрајк на што се инсистира од страна на вработените“, соопшти синдикална организација Солидарност во УЈП.

Share This Article