More

    Протечени детали за бегството на млад Британец пронајдени по шест години: „Лажев“

    spot_img

    Британскиот тинејџер Алекс Бати откри како лажел за деталите од бегството за да ги заштити мајка си и дедо си од полицијата. Во интервју за The Sun, тој рече дека ја измислил приказната за четиридневното патување, надевајќи се дека тоа ќе ја спречи полицијата да им влезе во трага.

    Тинејџерот Алекс Бати бил пронајден како шета во Франција шест години откако исчезнал. Тој рече дека сомнежите за номадскиот начин на живот на неговата мајка и дедо започнале кога тој имал 14 или 15 години. Идните амбиции за студирање ја поттикнаа неговата одлука да го остави нивниот животен стил на француските Пиринеи, објасни тој, пренесува Би-Би-Си.

    „Излажав за да ги заштитам мајка ми и дедо ми, но сфаќам дека веројатно ќе бидат фатени“, рече тој и додаде: „Не сум изгубен. Знаев точно каде одам“.

    Алекс бил собран од возач кој го забележал на патот во подножјето на француските Пиринеи. Возачот, францускиот студент по фармација Фабиен Ацидини, рече дека Алекс му кажал дека пешачел по Пиринеите четири дена и четири ноќи, дење спиел и ноќе пешачи за да не биде виден. Се што имал биле 100 евра во кеш. Немал мобилен телефон, а јадел што можело да се најде по нивите и бавчите, пренесува Вечерњи лист.

    Бабата на Алекс Сузан Каруана изјави за Би-Би-Си во 2018 година дека верува дека мајката и дедото на Алекс го однеле да живее во духовна заедница во Мароко. Таа рече дека во тоа време барале алтернативен начин на живот и дека не сакале Алекс да оди на училиште. Мелани и Дејвид Бати ја напуштија пошироката област Манчестер со Алекс на однапред договорен неделен одмор во Марбела, Шпанија на 30 септември 2017 година. Последен пат беше виден во пристаништето Малага на 8 октомври истата година, денот кога се очекуваше да се вратат .

    Во своето интервју за Сан, Алекс изјави дека повторното обединување на неговото британско семејство било емотивно. Тинејџерот сега има амбиции да оди на колеџ за да студира компјутерски науки и да продолжи да учи француски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img