More

    Протече планот на милијардерот за новата американска администрација

    spot_img

    Најбогатиот човек на светот, техномилијардерот Илон Маск, има план да отпушти 1,5 милиони државни службеници во САД со што  за две години ќе се заштедат до 7 трилиони долари во буџетот на САД. Заедно со неговиот колега бизнисмен Вивек Рамасвами, Маск ќе биде дел од новото Министерство за ефикасност во администрацијата на Трамп кое може да донесе тектонски промени.

    И Маск и Рамасвами сметаат дека треба да се отпочне со намалување на службениците. Додека траеше предизборната кампања на Трамп, Маск најави „крстоносна војна“ против големата влада и  Министерството за образование, даночната управа, но и против помошта за Украина, Израел и за Тајван, пишува британски „Телеграф“.

    Всушност, Маск планира да го скрати годишниот буџетот за 2 трилиони долари и да го намали бројот на владини агенции од околу 400 на само 99.

    Рамасвами е решен да ја намали бирократија за две години.

    Критичарите ја истакнуваат иронијата во фактот што владиниот оддел за ефикасност на трошењето го водат богати луѓе како Маск и Рамасвами, кој е претприемач во фармацевтската индустрија.

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веќе кажа дека ќе го укине Министерството за образование и дека ќе го остави образованието на сојузните држави, а ќе ја елиминира и „длабоката држава“, која според него ја сочинуваат административци кариеристи.

    Во сегашниот американски буџет најмногу се троши на здравствените и на социјалните услуги. На удар може да биде системот Медикер. Со новото мнозинство на Републиканците во Конгресот се поставува прашањето дали овие радикални идеи ќе бидат изгласани и спроведени.

    Трамп исто така смета дека 11,4 милијарди долари од парите наменети за ФБИ треба да им бидат дадени на Тајната служба на САД и на Одбранбената разузнавачка агенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img