Европската унија ќе ги охрабри земјите-членки да ја намалат побарувачката за гас со охрабрување на индустријата да троши помалку, за да може блокот да биде подготвен за можни дополнителни намалувања на снабдувањето, се вели во нацрт-планот што го видел Ројтерс.
Брисел се подготвува за потенцијални дополнителни намалувања на испораките на руски гас. Планот на Европската комисија, кој треба да биде објавен на 20 јули, ќе им предложи на земјите да започнат финансиски стимулации за компаниите да ја намалат употребата на гас, да менуваат гориво во електраните и да спроведат информативни кампањи за да ги поттикнат потрошувачите да користат помалку енергија за греење и ладење.
Резервите на гас во ЕУ во моментов се полни 62 отсто, што е многу помалку од 80 отсто од капацитетот на блокот, пренесува Индекс.