Просветните работници излегоа на протест, Неделков им вети отворена седница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 300 членови на СОНК во знак на протест се собрани пред седиштето на Синдикатот, незадоволни од вчерашната изјава на првиот синдикалец Јаким Неделков дека наводно е постигнат договор со Владата за покачување на платите за 12 проценти.

– Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сѐ уште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството – изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.

По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот.

Раководството на СОНК вчера по неколкучасовни преговори во Владата се договори платите да бидат зголемени за 12 проценти почнувајќи од јулската плата откако првично беше одбиен владиниот предлог за зголемување од 10 проценти.

Претседателот на СОНК по средбата во Владата изјави дека тоа е максимумот што во моментот можел да се издејствува.

ФОТО: MIA

Share This Article