Прославен 30-годишниот јубилеј од формирањето на АРМ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и концерт на воениот оркестар и музички ѕвезди Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј.

На настанот организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ се прикажа најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери ЈЛТВ, вештините на армиските специјалци, а се одржа и вежба со армиски кучиња.

На манифестацијата присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, како и други гости.

– Овој настан замислен е како начин на кој што го прославуваме Денот на Армијата кој всушност е утре, меѓутоа ова е ден специјално за граѓаните. Затоа е и направен овде на Воениот стадион затоа што е лесно достапен и сите граѓани може да дојдат. Изложена е најголем дел од опремата која ја поседува нашата Армија – истакна Петровска.

Таа информираше дека до крајот на оваа година ќе стигнат уште 27 исти вакви возила, а до 2028 треба да се испорачаат сите, со коишто ќе се заокружи комплетната бројка од 96 возила.

По презентацијата на воената опрема и воените вештини следуваше концерт на Воениот оркестар како и музичка со Кики, Пере, Дац и Александар, Ласт експедишн и други.

Share This Article