Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава во второто полугодие лани изнесувала 7,28 денари по KWh, што претставува пораст од 8,2 % во споредба со првото полугодие, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6,75 до 12,39 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36,8 до 48,3 денари по нм3 по групи на потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51,25 денари за nm3.