Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава изнесувала 6,625 денари по KWh, што претставува пад од 9,1 % во споредба со второто полугодие од 2023 година, објави Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 4,860 до 11,010 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 786 до 1.208 денари по GJ по групи на потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1.679 денари за GJ.