Просечната нето-плата во септември достигна 41.585 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната нето-плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците забележан е раст на просечната нето плата во однос на септември 2023 година од 9,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „административни и помошни услужни дејности“ за 12,6%, „преработувачка индустрија“ за 11,7 5 и во секторот „уметност, забава и рекреација“ од 11,4%.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ од 5,8%, „административни и помошни услужни дејности“ од 5% и во „преработувачка индустрија“ од 2,8%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесуваше 41.097 денари. Тоа значи дека за еден месец просечната нето-плата пораснала за 488 денари.

Просечната бруто-плата по вработен, во септември изнесува 62.573 денари.

Share This Article