Просечната нето-плата во јуни изнесувала 31.869 денари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 процент, Уметност, забава и рекреација (17,5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (6 проценти), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,7 проценти) и Рударство и вадење на камен (4,3 проценти).

Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.

Во споредба со претходниот месец, пак платата пораснала за само 400 денари, но затоа трошоците за живот од месец во месец рушат рекорди. Синдикатите пресметаа дека за едно четричлено семејство да го помине месецот му требале 47.000 денари.

Па така, едно семејство во кое има двајца вработени со минимална плата им недостигаат цели 11 илјади денари само да ги набават неопходните работи за да го поминат месецот. Во подобра ситуација се оние, од кој едниот во семејството е на минималец, а другиот зема просечна плата. На, таа фамилија ќе им останува околу 50 евра во месецот плус, доколку ги набавуваат само основните работи.

Па така, лани во јуни просечната плата изнесувала близу 29 илјади денари, но трошоците за живот пресметани од Синдикатите изнесувале 34 илјади денари, во тоа време и минималната плата изнесуваше 15.200 денари.

Она што се забележува е дека лани, на едно четиричлено семјство кое земало една минимална и една просечна плата во месецот им останувале близу 10 илјади денари, а оваа година торбата на македонскиот потрошувач е попразна.

Просечната плата надмина 500 евра, но со истите пари сега може да се купи помалку отколку лани со помала плата. Цените на храната постојано растат, а последното истражување покажува дека во Македонија се јаде и најскап леб во регионот. Па оттука, за едно четиричлено семејство да го „држи“ истиот просек од лани би требало и двајцата родители поединечно да земаат плус 50 евра на платата која сега ја имаат.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article