More

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, е зголемена за 16% и изнесува 40.496 денари

    spot_img

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, е зголемена за 16% и изнесува 40.496 денари, објави Државниот завод за статистика.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 21,9 %,  „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ од 21,3 %  и „образование“ од 20,5 %.

    Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ (7,8 %), „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (7,3 %) и „преработувачка индустрија“ (6,2 %).

    И овој месец највисока просечна нето плата е исплатена во програмерите и консултантите од  96.573 денари, а најниска плата 22.155 е исплатена во заштитните дејности. Најниска плата во преработувачката индстрија има во кожарската каде што просекот е 25.767 денари.

    Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 60.803 денари.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img