Просечната должина на пенисот е зголемена, научниците не се задоволни

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Просечната должина на пенисот е зголемена во последните 30 години, покажа новото истражување. Експертите предупредуваат дека ова можеби не е идеалната реалност за која сонувале мажите.Истражувачите стравуваат дека „фаличната инфлација“ настанала поради нездрави навики, седентарен начин на живот или дури и загадување, пишува New York Post.

„Секоја промена во развојот е загрижувачка бидејќи нашиот репродуктивен систем е еден од најважните делови на човечката биологија“, изјави авторот на студијата д-р Мајкл Ајзенберг за блогот Scope Stanford Medicine. „Ако видиме толку брза промена, тоа значи дека нешто моќно се случува со нашите тела.

Објавено во World Journal of Men’s Health, студијата на Универзитетот Стенфорд анализирала податоци од 75 други студии спроведени на повеќе од 55.000 мажи од 1992 до 2021 година, фокусирајќи се на должината на пенисот во ерекција. Големината на пенисот во ерекција порасна од 12 на 15,2 сантиметри, што е неверојатни 24 проценти во текот на речиси три децении.

Иако се потребни повеќе студии за да се потврдат наодите и доколку се потврдат „да се утврди причината“ за промените, на експертите им е тешко да ги „проголтаат“ заклучоците од ова истражување.

Ајзенберг претпоставил дека ќе забележи пад во должината – но наместо тоа, го открил спротивното. Хемиската изложеност на пестициди или хигиенски производи, смета тој, може да биде еден од различните фактори кои предизвикуваат брз раст. Таквите хемикалии можат да го нарушат ендокриниот систем кој ги регулира хормоните.

Претходните студии тврдеа дека загадувањето ги намалува пенисите, но оваа студија може да докаже дека тие наоди се лажни.

TAGGED:
Share This Article