Проруските сили го евакуираа населението

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Завршена е евакуацијата на цивилите од областа Херсон, на југот на Украина, која се наоѓа под руска контрола, а Украина се обидува да ја ослободи, изјави прорускиот лидер Сергеј Аксјонов.

– Заврши организираното заминување на жителите од левиот брег на Днепар на безбедна област во Русија – изјави синоќа Аксјонов, кој е прв човек на Крим, полуостровот во близина на Херсон, што Москва го анектираше во 2014 година.

Украина, која спроведува офанзива во областа откако им нанесе сериозни загуби на руските сили на други фронтови, ова преместување на жителите го нарече „депортација”.

– Среќен сум што сите што сакаа брзо и безбедно да ја напуштат територијата под украински оган можеа да го сторат тоа, рече Аксјонов на Телеграм – објавувајќи фотографија на која е со заменик-шефот на руската претседателска администрација Сергеј Кириенко.

Вршителот на должноста гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо, пред два дена изјави дека за помалку од една недела своите домови во оваа област ги напуштиле најмалку 70.000 цивили.

Украинската воена команда во својот денешен дневен извештај наведува дека „продолжува таканаречената евакуација на привремено окупираната област Херсон”.

Командата додава дека „непријателските сили се акумулираат од десната страна на брегот на Днепар”, во областа Херсон.

Share This Article