На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат повеќе силни експлозии во челичарницата во Мариупол, јави Би-Би-Си.
Снимката е од MVD DNR, медиум за проруските сепаратисти во Народна Република Доњецк.
Би-Би-Си не може независно да го потврди датумот на снименото видео, но се смета дека тоа е направено по 3 мај.
Повеќе од 100 луѓе успеаја да побегнат од „Азовстал“ во изминатите неколку дена, но многумина останаа во комплексот кој хуманитарните спасувачки групи го опишуваат како „пекол“.
Според проруските телеграмски канали, челичарницата била погодена од стратешкиот бомбардер Тупољев. На видеото се гледаат експлозии и густ чад.
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека имало нови борби во областа на фабриката за челик „Азовстал“, каде што се уште се заробени стотици цивили заедно со последните украински сили кои го бранеле градот.
– Денес имаше тешки борби во регионот Азовстал – рече градоначалникот, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој рече дека околу 30 деца се уште се во челичарницата и чекаат да бидат евакуирани.
– За жал, денеска не бевме во контакт со момчињата. Нема контакт, така што не знаеме што се случува, дали се безбедни или не. Вчера имавме врска со нив, денес ги нема.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги отфрли руските тврдења дека јужниот град Мариупол сега е под целосна руска контрола.
Во директен пренос на Твитер, тој рече дека челичарницата „Азовстал“, која останува последниот џеб на украинските борци во градот, сè уште се држи