More

    Пропагандистот на Путин со навреди кон Белград

    spot_img

    Ултранационалистот и еден од водечките пропагандисти на Путин, Сергеј Мардан, отворено ја навреди Србија по информациите дека ѝ продала на Украина оружје во вредност од 800 милиони евра, објави српски Блиц.

    Тој рече дека гранати во вредност од 800 милиони евра, извезени од Србија на Запад, на крајот биле испукани врз руските позиции во Вулхедар, Бахмут, Работин и на други места.

    – По ова, Србија ја сметате за братска земја? Ние немаме браќа низ светот, проклети нека се. Србија се однесува како последна курва, тоа е неспорно – рече Мардан.

    Претходно Мардан предизвика реакции кога рече дека Русија е империја и дека империите може да бидат само воени држави, а воените држави мора да се борат. Тој рече и дека Русија е опкружена со варвари, што не предизвика добри реакции во Кина.

    Србија од почетокот на руската инвазија на Киев индиректно, преку други земји, извезла гранати во Украина во вредност од 800 милиони евра, според Фајненшал тајмс.

    Србија дискретно ја зголемува продажбата на муниција на Запад со зајакнување на одбраната на Украина, иако таа е само една од двете европски земји кои не се приклучија на западните санкции против Русија, се вели во написот на Фајненшал тајмс.

    Српскиот претседател, Александар Вучиќ, потврди дека информациите за вредноста на муницијата се претежно точни, прикажувајќи ја продажбата како деловна можност.

    – Ова е дел од нашето економско заживување и важно за нас. Да, ние ја извезуваме нашата муниција. Не можеме да извезуваме во Украина или во Русија, но имаме многу договори со Американците, Шпанците, Чесите и со други. Што прават тие потоа со нив, тоа е нивна работа – рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img