Руски пропагандист тесно поврзан со Владимир Путин неодамна ја изнесе идејата членка на НАТО да стане дел од Русија среде војната во Украина.
За време на неодамнешната емисија на државната телевизија, водителот Владимир Соловјов зборуваше за Лисабон, главниот град на Португалија, и рече дека има причина зошто земјата треба да биде дел од Русија.
„Не ни треба, но навистина ми се допаѓа“, рече Соловјов кога гостите го прашаа зошто Русија би ја сака Португалија. „Мора да почнете од некаде, дури би избрал Хаваи. Јас не сум војник, но мислам дека како што ме научија истакнатите советски воени команданти, треба да се оди на природни препреки“, рече тој.
Во февруари, Евгениј Сатановски, претседател на рускиот Институт за Блискиот Исток, се појави на државниот информативен канал „Русија-1“ и рече дека Москва треба да ја врати Алјаска од САД, велејќи: „Алјаска мора повторно да биде наша“.
Гувернерот на Алјаска Мајк Данливи тогаш одговори: „До руските политичари кои веруваат дека можат да ја вратат Алјаска: Среќно“, пренесува Индекс.