Иако со денови се шпекулира дека трансферот на Светскиот победник Енцо Фернандез во Челзи е во завршна фаза – се чини дека преговорите меѓу Бенфика и лондонскиот клуб се во застој.
Според извештаите од повеќе извори блиски до Бенфика и Челзи во врска со трансферот на играчот од средниот ред Енцо Фернандез по цена од неговата откупна клаузула од 120 милиони евра, се чинеше дека патувањето на најдобриот млад играч на Светското првенство на Стемфорд Бриџ е само прашање на време.
Сепак, италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо известува дека по два дена исцрпувачки преговори меѓу двете страни, кои наводно траеле до крајот на ноќта, дошло до можен прекин во комуникацијата меѓу клубовите. Имено, според тврдењата на Роман, Челзи, спротивно на претходните изјави, се уште не е подготвен да понуди повеќе од 85 милиони евра, што Португалецот го смета за недоволна сума.
Португалскиот весник „Рекорд“ пишува дека најголемата понуда на „сините“ од Лондон била околу 90 милиони евра со тројца играчи – Хаким Зиех и двајца млади момчиња кои беа донесени во актуелниот преоден рок, Давид Датро Фофана кој пристигна од Молде и талентираниот Андреј Сантош од Васко де Гама. Понуда од тој тип исто така не ги задоволи челниците на Бенфика.
Преговорите се прекинати до понатамошно известување, односно додека Челзи не реши да ја зголеми понудата за 21-годишниот фудбалер кој зад себе има одлично Светско првенство во Катар. Покрај Челзи, интерес за Фернандез покажаа и други гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид, ПСЖ и Њукасл.