Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК, Мемли Красниќи.
Неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт.
– Денеска, 29 мај, што беше наведено како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена – рече синоќа Красниќи, пренесе Бета.
Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“.
– Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“ – изјави Красниќи.