More

    Пронајдено замрзнато новороденче, реанимиранo, но сè уште се бори за живот!

    spot_img

    Случаен минувач пронашол напуштено новороденче во дворот на основно училиште во Германија. Тoa е пренесен во болница, каде лекарите сѐ уште се борат за неговиот живот.

    Новороденче е пронајдено во дворот на основно училиште во градот Бракведе во североисточна Германија. Покрај него, во крпа била завиткана и папочната врвца, а ја пронашол случаен минувач при прошетка.

    Хипотермичното новороденче е оживеано на лице место и пренесено во болница, каде лекарите сѐ уште се борат за неговиот живот, соопшти полицијата.

    – Во овој момент не сакаме да даваме повеќе детали – рече државниот обвинител Кристоф Мекел.

    Германската полиција интензивно трага по сторителот. На местото на настанот биле обезбедени биолошки траги кои би можеле да откријат каде се наоѓа мајката на детето. Се претпоставува дека ја сокрила бременоста и тајно се породила, а потоа го оставила детето во училишниот двор.

    Уште една трагедија се случи во близина на основно училиште пред неколку недели. Германската полиција соопшти дека младите родители, на возраст од 19 и 22 години, го избоделе своето новороденче со нож и го закопале телото во шумата. И двајцата се во притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img