More

    Пронајдено телото на новинарот на Би-Би-Си

    spot_img

    Новинарот Мајк Мосли од Би-Би-Си кој исчезна на островот Сими пред неколку дена е пронајден мртов, пишува „Катимерини“. Телото на 67-годишен маж е пронајдено во месноста Аја Марина, на десетина метри од плажата на карпите, пренесува весникот.

    Мосли се барал од четвртокот наутро, кога неговата сопруга официјално го пријавила како исчезнат.

    Мосли последен пат бил виден во средата во 13:30 часот. Исчезнал откако излегол на прошетка по многу топлото време по карпестата крајбрежна патека од плажата Агиос Николаос до селото Педи.

    Немал мобилен телефон со себе, а ова ги отежнало спасувачките напори. Полицијата, пожарникарите и волонтерите го пребарувале островот со помош на хеликоптери, дронови и кучиња трагачи.

    Тој беше еден од водителите на емисијата „Верувај ми, јас сум доктор“ која се емитува на Би-Би-Си. Познат беше и по неговите настапи на различни телевизиски емисии и водеше поткаст на тема здравје.

    Роден е во Индија, но израснал во Англија. Студирал политика, филозофија и економија на Универзитетот Оксфорд. Прво работел како банкар во Лондон, потоа решил да студира медицина.

    По дипломирањето, го освоил новинарството, а во 1995 година беше прогласен за медицински новинар на годината. Потоа продуцираше неколку научни програми главно за Би-Би-Си, од кои едната, научниот документарен филм „Човечкото лице“  со нарација од британскиот актер Џон Клиз (од Монти Пајтон), кој ја испитуваше убавината преку науката. Филмот беше номиниран за наградата Еми во 2002 година.

    Во петокот, ќерката на градоначалникот на Сими, Мика Папакалодука, изјави за новинската агенција PA дека „многу“ островјани се приклучиле на потрагата и со свои чамци се обидуваат да го пронајдат британскиот државјанин.

    – Тоа е мал остров, луѓето зборуваат. Ние всушност сме добри луѓе овде. Сите го бараат. Тоа е толку мал остров што некој би се изгубил. Нам ни е толку чудно. Сите се загрижени и го бараат – таа рече тогаш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img