Пронајдено проштално писмо во кое ги опишал грозоморните дела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Студентот кој застрела 14 лица на Карловиот Универзитет во Прага, претходно убил уште еден човек и двомесечно бебе. Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од убиецот во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице.

-При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши масовното убиство на Универзитетот. Во него признал дека го извршил убиството во шумата Клановице – соопштил портпаролот на полицијата, Јан Данек, пренесуваат чешките медиуми.

Деталите за тоа злосторство не се соопштени, а балистичките тестови утврдиле дека оружјето користено во шумата Клановице е истото кое било пронајдено во куќата на убиецот.

Убиството на маж и неговото двомесечно дете се случило на 15 декември додека тие се шетале во шума во близина на Прага.

Во масовно пукање на Карловиот Универзитет во Прага, 24-годишниот студент Давид Козак уби 14 лица и рани уште 25 пред да се самоубие.

Share This Article