Вчера во ОВР-Струга било пријавено дека на брегот на Охридското Езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи, а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување“, се вели во соопштението.