ПРОНАЈДЕНА МРТВА ЖЕНА ВО КОЧАНСКО

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.

Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.

„На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукцијасе вели во известувањето од Полицијата.

Синот на почината бил уапсен, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article