More

    Пронајдена е најстарата гробница во светот, ископана 200.000 години пред Христа

    spot_img

    Палеонтолозите од Јужна Африка денеска објавија дека ја пронашле најстарата позната гробница во светот, во која се наоѓаат останки на далечен човечки роднина со мал мозок, за кој се сметало дека не е способен за сложено однесување.Истражувачите предводени од палеоантропологот Ли Бергер објавија дека откриле неколку примероци на хомо наледи, хоминид од камено доба што се качува на дрвја.

    Посмртните останки беа закопани околу 30 метри под земја во пештерски систем во Лулка на човештвото, локација заштитена од УНЕСКО во близина на Јоханесбург.

    „Ова се најстарите погребувања на хоминини регистрирани досега, кои претходат на докази за погребување на хомо сапиенсот најмалку 100.000 години“, напишаа научниците во серија трудови што допрва треба да бидат рецензирани и објавени во списанието eLife.

    Наодите го доведуваат во прашање сегашното разбирање на човековата еволуција, бидејќи се смета дека развојот на поголем мозок овозможил да се вршат сложени, „значајни“ активности како што е закопување на мртвите, објави АФП.

    Најстарите гробници откриени досега се пронајдени на Блискиот Исток и Африка и содржеле остатоци од хомо сапиенс, а биле стари околу 100.000 години.

    Гробницата Бергер пронајдена во Јужна Африка датира од најмалку 200.000 години п.н.е.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img