Девет млади лица биле приведени завчера при претрес на камп приколка во автокамп во Охрид во која полицијата пронајде дрога.
Како што информираат од СВР Охрид полицијата претресот го извршила на 22 јули во 23.45, при што биле приведени Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.
„При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, информираат од СВР Охрид.
Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.