More

    Пронајден Французин кого родителите во март го пријавиле за исчезнат

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Македонија е пронајден Француџин кој во Франција бил пријавен за исчезнат.

    „Полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С.И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат. Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци“, соопшти МВР.

    Полицијата по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денес добила потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од март годинава.

    „Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството“, соопшти МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img