More

    Промовирана книгата „За македонските работи“ на академикот Љупчо Коцарев

    spot_img

    „За македонските работи“ е најновата книга на академикот и претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Љупчо Коцарев која денеска беше промовирана во Скопје. Книгата е збирка од негови колумни напишани последниве две години и претставува критичка опсервација и анализа на македонските случувања.

    Според академик Витомир Митевски, еден добар дел од колумните на Коцарев имаат намера да го соочат читателот со реалната состојба во која се наоѓа нашата држава.

    – Пишувајќи за македонската општествена реалност, Коцарев аргументирано укажува на повеќедецениската деградација на елементите на државност на сите нивоа. Тој процес, кој притаено се јави уште од времето на осамостојувањето кога бевме полни со надеж дека сме на пат на изградба на прва независна и просперитна македонска држава, трае во контиуитет до денес, за жал, со забрзано темпо – рече академик Митевски.

    Тој посочи дека Коцарев со своите апели во книгата најмногу им се обраќа на оние кои се избрани од македонскиот народ да ги застапуваат и бранат неговите интереси и да работат за доброто на земјата.

    – Коцарев во својата книга не им се обраќа на оние што прикриено или јавно застапуваат туѓи интереси, бесмислено е на таквите да им се обраќаш. Коцарев им се обраќа на оние кои треба и се должни да го слушнат, а не сакаат да го слушнат гласот на совеста, искажан од умни луѓе што искрено си ја сакаат својата земја. Тој им се обраќа и на оние кои се избрани од македонскиот народ да ги застапуваат и бранат неговите интереси и да работат за доброто на земјата – рече Митевски.

    Исто, како што дополни тој, им се обраќа и на македонските интелектуалци, за кои уште Мисирков пред 120 години говореше дека треба да бидат совест и носители на напредокот на македонскиот народ. Ним, како што подвлече, им се обраќа во прв ред, очекувајќи да се разбудат, да го кренат својот глас, да се охрабрат и да пројават отпор на она што се случува.

    – Коцарев им се обраќа и на оние самоповикани трговци со идентитетот, јазикот и историјата на македонскиот народ, кои се впуштаат во некакви преговори зад грбот на народот, подготвуваат и потпишуваат разни договори, во суштина погубни за нашата иднина – додаде академикот Митевски.

    Академикот Катица Ќулавкова на промоцијата денеска напомена дека оваа книга претставува една интелектуална историја на последната актуелна фаза од развојот на македонската држава, и затоа, како што рече, е од голема важност и токму поради тоа граѓаните покажуваат интерес да ја читаат.

    – Оваа книга која е збирка на објавени колумни во последниве две години иако покрива кус период, иако тоа го прави на колумнистички начин, може да се каже дека претставува една интелектуална историја на оваа последна актуелна фаза од развојот на македонската држава и затоа книгата има голема важност и не случајно граѓаните и луѓето тоа го насетуваат и покажуваат интерес за читање на оваа книга – рече Ќулавкова.

    Според неа, двегодишната серија колумни на акедемикот Коцарев ја разобличи ноторната вистина дека во сенката на интелектуалното полтронство се кријат ниски страсти, каква што е страста за изневера на идеалите и за предавство на културно-историското наследство.

    – Тој ги демифистицираше ниските и деструтивни страсти изложувајќи се на јавни притисоци, но и на масовна јавна медиумска поддршка. Веќе две години тој ја соочува македонската јавност со феноменот својствен за аморфните политички лидери, со нивната лишеност од елементарно чувство за припадност и тоа токму онаа генеричка припадност на човекот, на човештвото сфатено како парадигма на хуманост, добротворност, добродетелство, сочувство, и сомилост. Љупчо Коцарев тоа го направи со изненадувачки интензивна посветеност како да е писател, социолог и политиколог, а не еминентен светски научник во областа на техничките и информатичките науки – додаде Ќулавкова.

    Според неа, Коцарев во своите колумни искажува согледби, прави анализи и дава препораки во кои што се препознава голем дел од актуелната македонска свест.

    – Тој тоа го направи во континуитет со нескриена доза на критичност, револт, па и емоции. Тој ја отвори на широко темата на новата македонска агонија, тој недвосмислено покажа дека е неопходен пресврт на подобро. Тоа подобро во македонскиот случај значи враќање во нормала, почитување на усвоените универзални кодекси на Обединетите Нации, уважување на научните сознанија, вклучително и правото на толкувачки и вредносен плурализам, особено кога е во прашање архаичното, митското и културно-историското наследство – рече Ќулавкова.

    Поради тоа, како што дополни, колумните на Коцарев често се поентирани со препораки до инстанците на власт, што треба за отсега па натаму да се прави, како што некогаш правеше Мисирков, со цел да се стабилизира демократијата во Македонија, а македонската држава да биде трајна и перспективна, а не исклучок и експеримент.

    Академикот Коцарев се заблагадори за организацијата за време на промоцијата, и напомена дека основната цел и она што најмногу сака да го направи е да живееме во една достоинствена држава, и како што рече, ќе продолжи во таа насока да работи и понатаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img