More

    ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“

    spot_img

    Денеска беше промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ од авторот Димитар Пандев во издание на Општина Охрид.

    Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој искажа големо задоволство што е дел од промоцијата на ова значајно издание.

    Slave_Gjorgo_24032023007–  Меѓу современите македонски поети, едно од најистакнатите места му припаѓа на поетот  Славе Ѓорѓо Димоски, автор на забележителни книги поезија со густи метафори и слики кои како што нагласува Ефтим Клетников, „се кристално јасни, но во исто време  се заумни и нејасни по  значењето, често на еден надрелистичен начин, извлечени на површината од дното на несвесното“.  Кон овој коментар даден пред 30-ина години, секако би можеле да додадеме уште доста карактеристики препознатливи за поетиката на ова време, пред се отворена  за јазична експресија и своевидна испревртеност на исказот и експресивност во секојдневната комуникација.  Постојат моменти кога поетот конечно се одлепува од сите ограничувања на поезијата, тоа не го дочекува секој поет во својот живот, тоа се случува само кај одбрани поети. Човековото суштество без храна може седум недели, без вода пет дена, а без смисла не може ниту една единствена секунда. Во таа група на поети припаѓа токму Славе Ѓорѓо Димоски.Овој почитуван охриѓанец и врвен поет со одамна забележано перо посакуваме да твори уште многу години. А ние и понатака ќе бидеме верни поддржуачи на неговиот пишан стих. Секако во оваа прилика му се заблагодаруваме на еминентниот и почитуван професор д-р Димитар Пандев што го сосздаде овој прекрасен труд кој е наша заедничка гордост, истакна Китески во своето обраќање.

    На промоцијата говореа авторот, Димитар Пандев, уредникот на изданието, Митре Велјаноски и поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

    Книгата е издадена во тираж од 300 примероци и во неа на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и творештвото на овој истакнат охридски и македонски поет, кои се напишани од страна на врвни писателски имиња од Македонија и странство.

    – „Славе Ѓорѓо Димоски продолжува да твори. Овој преглед е само мал заглед во она што критиката љубопитно го кажала за него, зошто не е тој обичен, секојдневен поет. Има нешто митско во него самоиот и во неговата поезија. Имам нешто трајно во неговото „продолжува“ што продолжува да изненадува со нови стихови и стихозбирки, пишува во предговорот на книгата, авторот Димитар Пандев.

    Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18-ти март 1959 година во Велестово. Член е на македонскиот ПЕН центар. Автор е на четиринаесет книги поезија, пет книги за деца, четири книги со есеи, а дваесет посебни изданија му се преведени на повеќе јазици. Одделни песни и поетски циклуси се преведени на триесет јазици.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img