Промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов, ќе се одржи утре, на 1 декември, во киното Фросина во МКЦ од 21 часот.
Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.