За последниот ден од октомври метереолозите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди, но и со релативно високи дневни температури кои денеска ќе достигнат од 18 до 26 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд, информираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во текот на денот ќе достигне 23 степени.
Во среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.