Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во јужните делови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој во југозападните делови краткотрајно ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 5.
Минималните утрински температури ќе се движат од 10°C до 18°C, а максималните дневни од 19°C до 29°C.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Според прогнозата на УХМР, слично време нè очекува и следниве три дена.