Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурата ќе достигне до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.