Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со максимални температури од 14 до 22 степени. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен, ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 20 степени.